Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 16.03.2022 година (среда) со почеток од 12:00 час. во Фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се одржи изложба на фотографии на тема  „Скопје и културните добра“. Изложбата ќе се одржи по сите протоколи за заштита од COVID 19 вирусот.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:
15.03.2022 година (вторник)  од 19:00 час. Најновата копродукција на ЦРНА МАЧКА ПРОДУКЦИЈА, Косовскиот кандидат за Оскар, филмот ,,УЛИШТЕ,, својата Светска премиера ја имаше во рамките на Sundance каде освои три награди и тоа International Feature Film Grand Prix, Best Director Award, Sundance FF Audience Award.
По светската премиера во САД, каде што беше одлично прифатен од публиката, филмот имаше богат интернационален фестивалски живот освојувајќи повеќе од 15 награди и стекна номинација на кандидат за Оскар за неанглиско говорно подрачје каде влезе во потесен круг на селекција.
 
Кратка содржина
,,Фахрија, жена чиј сопруг е исчезнат од војната во Косово, започнува мал бизнис со пчеларство за да го обезбеди своето семејство во традиционална патријархална средина непријателска на нејзиниот обид за независност. Нејзиниот бизнис започнува добро, но се чини дека пчелите во нејзините кошници се агресивни кон неа. Во своето патување да склучи мир со пчелите, таа започнува да се помирува и со себе, овозможувајќи и да се засили во нова ситуација..’’
Сценариoтo и режијата се на Блерта Башоли, директор на фотографија е Алекс Блум, сценографијата е на Влатко Чачоровски, костимографијата е на Фјорела Мирдита и Хана Зега, а монтажата на Феликс Сандри и Енис Сарачи. Продуцент на филмот е Валон Бајгора, Агон Ука и Јил Ука,а ко-продуценти се Кристијан Буровски, Томи Салковски Паскал Семини, Брита Ринделауб.
Улогите ги толкуваат: Улка Гаши, Чун Лајчи, Аурита Агуши, Кумрије Хоџа, а македонските актери кои глумат во филмот се Адем Карага, Зарије Јонузи Челику и Шелким Ислами
УЛИШТЕ е копродукција помеѓу Иконе Студио од Косово, Индиструја филм од Косово, Црна мачка продукција од С.Македонија, Алба скај од Албанија и Алва филм продукција од Швајцарија, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РСМ
Филмот својата македонска премиера ја имаше на 21. Фестивалот на Европски Филм Синедејс.
Напишано од НУЦК
Категорија:

На 13.02.2022 година (недела) со почеток од 18:30 час. Во чест на големиот празник „Св.Трифун“ КУД „Јане Сандански“  при Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино во салата на Центарот за култура за прв пат ќе ја организира манифестацијата „Недела на традицијата“, на која ќе има вокално инструментален настап и ревија на носии од Источното игроорно подрачје на Македонија. Влез: 100 ден.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:
На ден 24.02.2022 година ( четврток) во 12:00 час. во Фоајето при НУЦК ,,Ацо Ѓорчев'' Неготино се отвори Изложба на предмети од креативната и едукативна ликовна работилница за декупаж техника превземена од НУ Центар за култура Крива Паланка
 
 
 
 
Напишано од НУЦК
Категорија:

На 10.02.2022 година (четврток) со почеток во 19:00 часот во киното на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се прикажува играниот филм „НАДЕЖ“, влез 100 денари.

СИНОПСИС
43-годишната Ања и 59-годишниот Томас имаат големо семејство на биолошки деца и посинок. Веќе неколку години, тие се имаат отуѓено еден од друг, живеејќи и работејќи во паралелни светови. Кога Ања открива дека има терминална фаза на рак, нивниот модерен живот се распаѓа и ја разоткрива нивната нарушена врска. Сама со своите тага и стравови, Ања сфаќа дека ѝ е потребна целосна помош и поддршка од Томас. Тоа е нивната единствена шанса. Како инаку нивните деца ќе најдат сила откако таа ќе замине, ако нивните родители не можат заедно да ја преживеат бурата? Ања и Томас се приморани да најдат решение за меѓусебна доверба, и на крајот заедничка борба, да се справат со неочекуваната и прерана смрт. Со повторното запознавање еден со друг, тие несвесно стануваат главни ликови во љубовната приказна каде конечно учат вистински да се сакаат по долгиот заеднички живот.
 
Година: 2019
Режија: Мариа Содал
Времетраење: 130 мин
Земја: Норвешка, Шведска, Данска
Жанр: Драма, романса
Улоги: Андреа Браин Ховиг, Стелан Скарсгард
Дистрибутер: КT Филм и Медиа
Возрасна Категорија: 12+
Премиера во Македонија: 10ти февруари 2022