Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

19.05.2022 година (четврток) со почеток од 18:00 час.

Почитувани, Ве покануваме на изложба на фотопортрети насловена како "И јас сум тука" на авторите Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска. Изложбата вклучува 20 лица со посебни потреби на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени на нив. Меѓу 20-те портрети задоволство ни е да споделиме дека се застапени и пет лица кои се дел од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп "Порака Неготино"
"И јас сум тука" е едно патување кое што се раѓа од потребата да се смени стереотипното однесување, да се намалат стигмите и да се крене свесноста за интелектуалната попреченост.
Да подадеме рака на луѓето што се меѓу нас и кои само сакаат да бидат поздравени, почитувани, сакани и да бидат дел од целото.
Во склоп на изложбата ќе биде прикажан и документарниот филм "Модна ревија: Од 'Глада Худик' до Њујорк" во режија на Јохан Ског популарен филм во Шведска во кој учествуваат актерите од театарот "Глада Худик", на кои им се остварува животниот сон да учествуваат на модна ревија во Њујорк.