Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

Традиционално по повод Меѓународниот ден на мајчинот јазик во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ Неготино и Музичкото училиште „Владимир Арсовски“, Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино организира Литературно читање и изведби на музички дела на пијано и виолина, Одбележувањето на празникот ќе се одржи на 21.02.2019 год. (четврток) со почеток од 18:00 часот во фоајето на Центарот  за култура, ги покануваме сите вљубеници на пишаниот збор да присуствуаат на овој настан.

 

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 25.02.2019 година во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе гостува аматерски театар од Крива Паланка со комедијата: „Јас повеќе не судам тие ми пресудија мене“, почеток од 19:00 часот влез: 100 денари. Не пропуштајте!

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 26 и 27 февруари (вторник и среда) 2019 година со почеток од 20:00 часот во киното на Центарот за култура Неготино ќе се прикажува играниот филм (трилер) : „Куќата што ја изгради Џек“, филмот ќе се прикажува во исто време во повеќе градови низ Македонија: Скопје Синеплекс, Битола , Прилеп и Струга. Не ја пропуштајте можноста да го погледнете овој трилер кој има оцена 7  на IMDb! Влез:100 денари.

The House That Jack Built (Куќата што ја изгради Џек)


Кратка содржина: САД во 1970-тите. Го следиме високо интелигентниот Џек во временски период од 12 години и ги запознаваме убиствата што го дефинираат развојот на Џек како сериски убиец. Приказната ја доживуваме од гледна точка на Џек, додека тој ни го пренесува секое убиство како уметничко дело само по себе. Како што се ближи неизбежната полициска интервенција, тој зема сѐ поголеми ризици во неговиот обид да го создаде врвното уметничко дело. По пат ги доживуваме описите на Џек за неговата лична состојба, проблемите и мислите преку постојаните разговори со непознатиот Верџ – гротескна мешавина од надмудрување и речиси детско самосожалување и психопатски објаснувања. „Куќата што ја изгради Џек“ е мрачна и зла приказна, која сепак е пренесена преку една филозофска и повремено хумористична приказна.

Времетраење / Runtime: 155’
Режија/ Director: Lars von Trier

 


линк од imdb: https://www.imdb.com/title/tt4003440/?ref_=nv_sr_1
линк од трејлерhttps://www.youtube.com/watch?v=BYF2tfdD1fA

Напишано од НУЦК
Категорија:

Во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино хуманитарната театарска претстава „Умри машки" во изведба на Аматерскиот Театар „Мирка Гинова" од Демир Капиja, овој настан е во склоп на проектот Хуманитарен маратон - „Неготино се буди". Вашите средства ќе одат во прилог на најзагрозеното семејство во општината, за луѓе кои немаат стабилен покрив над главата, живеат во куќа која може да се распадне во секој еден момент. Ве покануваме да ја погледнете оваа одлична комедија.



Автор: Алдо Николај
Режија: Томе Атанасов
Играат: Кристина Николовска
Томе Атанасов
Крсте Мелов
Димче Бањански

Сметка за донации: 240197002114139
Милан Најдов