Даме Груев бб,
1440 Неготино

01.12.2017 год. (петок) со https://www.cialissansordonnancefr24.com/ почеток од 19:30 час. Влез: 50ден.

КОНЦЕРТ НА КУД „АЦО ЃОРЧЕВ“ - НЕГОТИНО, КУД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ - НЕГОТИНО, КУД „БРАНИСЛАВ НУШИЌ“ - ВЛАДИЧИН ХАН - СРБИЈА И ФОЛКЛОРЕН АНСАМБЛ „ТИКВЕШ“ - КАВАДАРЦИ

 

 

25.12.2017 год. (понеделник) од 20:00 час.

Во салата на Центрот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино за празникот Католички Божиќ ќе се организира Концерт на Ѓоко Ѓорчев и пријателите. Гости на вечерта Кристина Палија, Ирена Крстевска Стевановска и Филип Стевановски Бенд, картите за концертот се пуштени во продажба и можете да ги купите во просториите на Центрот за култура Неготино од денес, за само 150 ден.  Повелете ве очекуваме!

 

08.11.2017 год.

Фото и Видео клубот  „Ацо Ѓорчев“ кој работи во склопот на  Центарот за култура Неготино  во чест на празникот Ослободување на град Неготино организира Изложба на фотографии на тема - „Есен“. Изложбата ќе се оддржи од 12:00 часот во галеријата поточно во Фоајето на Центарот за култура. Ве покануваме да присуствувате на истата!

 

Почитувани, НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино објавува конкурс на фотографија на слободна тема. Од најдобрите фотографии ќе се организира изложба на фотографии во Галеријата на Центарот за култура. Фотографиите треба да се дигитална форма JPG со најмала големина од 8 мегапиксели поточно (3456 х 2304) и истите треба да се пратат на email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  или да се донесат лично на USB во просториите на Центарот за култура најдоцна до 15.11.2017 година, право на учество имаат сите граѓани без ограничување на возраста. Изборот на фотографиите ќе го врши комисија формирана од членовите на Фото и Видео клубот „Ацо Ѓорчев“ Неготино по што ќе следува изложбата на 21.11.2017 година. За избраните фотографии поточно за лицата кои ќе учествуваат во изложбата дополнително ќе ве информираме. Повелете учествувајте во конкурсот!