Даме Груев бб,
1440 Неготино

На ден 24.02.2022 година ( четврток) во 12:00 час. во Фоајето при НУЦК ,,Ацо Ѓорчев'' Неготино се отвори Изложба на предмети од креативната и едукативна ликовна работилница за декупаж техника превземена од НУ Центар за култура Крива Паланка
 
 
 
 

На 13.02.2022 година (недела) со почеток од 18:30 час. Во чест на големиот празник „Св.Трифун“ КУД „Јане Сандански“  при Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино во салата на Центарот за култура за прв пат ќе ја организира манифестацијата „Недела на традицијата“, на која ќе има вокално инструментален настап и ревија на носии од Источното игроорно подрачје на Македонија. Влез: 100 ден.

 

На 10.02.2022 година (четврток) со почеток во 19:00 часот во киното на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се прикажува играниот филм „НАДЕЖ“, влез 100 денари.

СИНОПСИС
43-годишната Ања и 59-годишниот Томас имаат големо семејство на биолошки деца и посинок. Веќе неколку години, тие се имаат отуѓено еден од друг, живеејќи и работејќи во паралелни светови. Кога Ања открива дека има терминална фаза на рак, нивниот модерен живот се распаѓа и ја разоткрива нивната нарушена врска. Сама со своите тага и стравови, Ања сфаќа дека ѝ е потребна целосна помош и поддршка од Томас. Тоа е нивната единствена шанса. Како инаку нивните деца ќе најдат сила откако таа ќе замине, ако нивните родители не можат заедно да ја преживеат бурата? Ања и Томас се приморани да најдат решение за меѓусебна доверба, и на крајот заедничка борба, да се справат со неочекуваната и прерана смрт. Со повторното запознавање еден со друг, тие несвесно стануваат главни ликови во љубовната приказна каде конечно учат вистински да се сакаат по долгиот заеднички живот.
 
Година: 2019
Режија: Мариа Содал
Времетраење: 130 мин
Земја: Норвешка, Шведска, Данска
Жанр: Драма, романса
Улоги: Андреа Браин Ховиг, Стелан Скарсгард
Дистрибутер: КT Филм и Медиа
Возрасна Категорија: 12+
Премиера во Македонија: 10ти февруари 2022

На 03.02.2022 година четврток од 19:00 часот во киното на Центарот за култура Неготино ќе се прикажува играниот филм - „Сигурност“.

Кратка содржина:
Канцелариска зграда посакува да ѝ се случи љубовна приказна пред да ја урнат. За да ѝ се случи таква приказна избира осаменици, оние кои ја обезбедуваат зградата во ноќните часови, ги чистат тоалетите, експериментираат со рецепти или го вежбаат својот последен говор. Поетски и ексцентричен калеидоскоп во кој се рефлектираат копнежот, сигурноста и милозвучните звуци кои се движат низ целата зграда.
Година: 2019
Режија: Кармен Штадлер
Времетраење: 117 мин
Земја: Швајцарија
Жанр: Драма
Дистрибутер: КT Филм и Медиа
Возрасна Категорија: 12+