Даме Груев бб,
1440 Неготино

Почитувани,  Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ви најавува уште еден настан од полето на традиционалната култура. Станува збор за изложба на фотографии од традиционални носии од збирката на младиот стружанец Љупчо Милошески. Воедно на отварањето на изложбата ќе биде поставен штанд со монографија од самиот автор во која се прикажани сите традиционални носии кој тој самиот ги собирал од терен. Изложбата ќе биде поставена на 05.10.2021 (вторник) со почеток во 12:00 часот во фоајето на Центарот за култура Неготино, а ќе трае до 11.10.2021 (понеделник).

На 01.10.2021 година (Петок) во фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се одржи Изложба на слики изработени на колонијата „Св. Пантелејмон“ во 2020 година, организирана од Центарот за култура од Кочани. Ги покануваме заитересираните граѓани да присуствуваат на отварањето од 12:00 часот, воедно напоменуваме дека изложбата ќе се одржи со сите протоколи за заштита од корона вирусот.

На 24.09.2021 година (петок) со почеток од 12 часот ќе се одржи ликовна Изложба на дела изработени од членови на ликовното студио кое работи при Центарот за култура во Крива Паланка. Изложбата ќе се отвори во фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, ги покануваме сите заинтересирани граѓани за ликовната уметност да дојдат да ја посетат изложбата. Напоменуваме дека истата ќе се биде организирана по сите протоколи за заштита од корона вирусот.

 

На 25 јуни 2021 година Центарот за култура во соработка со ТОРОС Филм Студио, а со поддршка на Министерството за култура организираше CAR CINEMA на локација игралиште на Спортската сала Младост Неготино. Истата вечер се прикажа играниот филм „Ах љубов моја“ од режисерот Коле Ангеловски.