Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

Игран филм - Планинско чудо: Неочекувано пријателство

Од 11.06.2018 год. понеделник со почеток од 20:00 час до 13.06.2018 година среда во киното на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, влез:50 денари.

 

 

 Кратка содржина

Девојка која се бори со астма е однесена во клиника во Јужен Тирол за да се излечи. По некое време таа одлучува да излезе од овој пекол (така се чувствува за тоа) и наскоро ќе запознае нов пријател. Заедно се обидуваат да го искачат врвот на една планина каде, според стар обичај, таа може да се излечи. 

Година – 2017
Режија – Тобајас Виман
Времетраење – 97 минути
Земја – Германија
Жанр – Драма/Авантура

Дистрибутер: Узенгија

Напишано од НУЦК
Категорија:

КОНЦЕРТ „РОК КЛАСИКА“

На 05. јуни 2018 година со

почеток од 19:30 часот во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се одржи концерт на гудачкиот квартет „Вива Стрингс“, не пропуштајте го овој настан на кој ќе се изведуваат музички дела од најпознатите поп и рок музички светски ѕвезди и групи!

Напишано од НУЦК
Категорија:

НАЈДОБАР ГЛАС 2018

Во Центарот за култура на 30 април повторно ќе се одржи традиционалната манифестација НАЈДОБАР ГЛАС 2018, на овој настан учество ќе земат млади талентирани изведувачи на забавна и народна музика, гости на вечерта ќе бидат Александар Мојсовски и Ѓоко Ѓорчев. Манифестацијата е подржана од Министерството за култура на Република Македонија и од Општина Неготино. 

Не пропуштајте!

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ - МАНАСТИРСКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ - 2018

Традиционално и оваа година ќе се одржи овој фестивал на плоштадот на град Неготино на 25 (петок) и 26 (сабота) мај 2018 год. со почеток од 19:00 часот. На овој настан ќе учествуваат 10 културно уметнички друштва и ансамбли како од Република Македонија така  и од странство. 

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

Филмот GOLIATH - ГОЛИЈАТ

Во киното од среда 25 април  до  петок 27 април од 20:00 часот.

Влез: 50 ден. Се доделуваат 60 бесплатни билети заинтересираните можат да ги подигнат во билетарата пред кино претставата!