Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

ИВАНА ОРЕШКОВА

Центарот за култура организира ликовна изложба на цртежи од младата талентирана Ивана Орешкова, на 24.јули 2018 година во фоајето со почеток од 12:00 часот. По тој повод ве покануваме да присуствувате на овој настан и да и дадеме поддршка на нашата сограѓанка и да ја охрабриме и понатаму да продолжи да твори и да ја развива нејзината техника на цртење.

Напишано од НУЦК
Категорија:

Со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија традиционално веќе неколку години наназад се организира ликовниот хепенинг Балкански културни средби, така и cialis 5 mg оваа година на 11 јуни повторно уметници од Неготино како и повеќе уметници од страна повторно ќе се дружат и ќе творат во прекрасниот амбиент на Манастирот „Св.Ѓорѓи“ во Неготино. Сите изработени дела истиот ден од 19:00 часот ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура Неготино. Ве покануваме да присуствувате на оваа изложба, не пропуштајте.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 21 јуни 2018 година (четврток) со почеток од 20:00 часот во фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино во саоработка со Министерството за култура на Република Македонија,  Изложба на Графики и Колажи на уметникот Верче Николоска од Прилеп.

Напишано од НУЦК
Категорија:

ИСЦЕЛИТЕЛ

На 18, 19 и 20 јуни 2018 Понеделник вторник и среда со почеток од 20:00 часот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев' Неготино ќе се прикажува мегапопуларниот македонски игран филм ИСЦЕЛИТЕЛ. Не пропуштајте да го погледанете овој филм кој освои награди на повеќе светски филмски фестивали! 

Влез: 100 ден. 

линк: https://www.youtube.com/watch?v=ID4iJOxKvrI