Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 4ти јули 2023 година Неготино се одржа мултимедијалната изложба „State of” локацијата на настанот беше  пред платото на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино каде што си своите изложени ликовни дела, скулптури, дигитални фотографии и модни креации се претставија повеќе уметници од Неготино: Сашко Јанев– Франко, Елена Дуковска, Мето Ангелов, Ѓурѓица Андонова, Елизабета Камчева, Цветанка Јованова, Невенка Величковска, Славица Капитанова.

Линк од видео: https://www.youtube.com/watch?v=9f4qvSBEcDc

Напишано од НУЦК
Категорија:

Почитувани, со задоволство ви соопштуваме дека на 15.06.2023 год. (четврток) со почеток од 20:00 час. во салата на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, Концерт ќе одржи светски познатиот АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ОРА - ТАНЕЦ! Влез: 100 ден.

Напишано од НУЦК
Категорија:

?? ТЕАТАР ВО НЕГОТИНО??

❗️ 15.02 (среда) и 16.02 (четврток)❗️

?15.02.2023 год. (Среда)
⏰ 16:00 час. и 17:00 час.
? НУЦК ,,Ацо Ѓорчев'' - кино сала
? Театарска претстава за деца - ,,ЗЕЛЕНКОВЦИ''.
? Влез: 100ден.

?16.02.2023 год. (Четврток)
⏰ 19:30 час.
? НУЦК ,,Ацо Ѓорчев'' - кино сала
? Театарска претстава - ,,ПАЦИЕНТИ''.
? Влез: 200ден.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

Почитувани, на 21.03.2023 година (вторник) од 19:00 часот премиерно ќе биде прикажан шведскиот игран филм "ЛАРС И БАРОНОТ".

Кратка содржина 
Шведска. Крај на 19 век. Ларс Ериксон и неговата сопруга мора да се преселат од
градот во пештера која е лоцирана во шума, во сопственост на локален барон. За да
успее да ги преживее лошите сиромашни услови, Ларс започнува со ловокрадство. Тоа не
му се допаѓа на баронот, па му наредува да престане. Ларс, кој не е тип на човек кој сака
да прима наредби, си продолжува по свое и го исмева баронот. Конфликтот меѓу двајцата
мажи ескалира сè додека грофицата, која наследила богатство, не ги покани двајцата на
нејзината годишна забава за лов. Ларс и баронот, поради мудриот надзор на грофицата,
ќе мора да бидат љубезни еден со друг на еден ден.
 
 
Година: 2016
Режија: Џон Торнблад
Времетраење: 97 мин
Земја: Шведска
Жанр: Комедија; Драма;
Повеќе: 21.03.2023 ИГРАН ФИЛМ - ЛАРС И БАРОНОТ
Напишано од НУЦК
Категорија:
По повод 75-годишнина на Центарот за култура и празникот на градот - Св. Трифун ја најавуваме Изложбата на фотографии "Културата низ годините" која што претставува една ретроспектива на сите настани одржани во Центарот. Оваа изложба е и најава за одбележувањето на 75 години постоење на Центарот, кое го одбележуваме оваа година.
Настанот ќе биде збогатен и со настап на КУД "Јане Сандански", друштво кое оваа година слави 45 години јубилеј.