Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

По повод големиот празник „Св.Трифун“ НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, во соработка со Фото и Видео Клуб „Ацо Ѓорчев“ организира Изложба на фотографии на тема „Св. Трифун“. Изложбата ќе се отвори на 12.02.2021 година (петок) со почеток од 12:00 часот во Фоајето на Центарот за култура, во согласност со сите протоколи за заштита од корона вирусот. Ги покануваме заинтересираните граѓани да присуствуваат на оваа изложба.

 

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ ВИ ПОСАКУВА НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА „АЦО ЃОРЧЕВ“ НЕГОТИНО

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 24.11.2020 година (вторник) ќе се одржи традиционалната музичка манифестација „Најдобар глас“ 2020, настанот ќе се одржи во салата на Центарот за култура со почеток од 18:00 часот по сите протоколи кои ги налага мометанталана ситуација со ковид вирусот, во салата ќе можат да влезат одреден број на посетители поточно само 50 луѓе. Ги известуваме заинтересираните граѓани кои сакаат да го проследат овој настан, дека билетите  можат да ги набават секој ден во просториите на Центарот за култура. Влез: 100 денари.

 

 

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 20.11.2020 година (петок) од 19:30 часот, во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се одржи Концерт на вокално инструментален настап „ЛИРА", со, КУД „Јане Сандански“ кој работи при Центарот за култура и АТМИ „Митко Алексов“ од Кочани. Овој настан ќе се одржи со сите протоколи кои ги налагата ситуација со ковид вирусот, со тоа што внатре ќе можат да влезат најмногу 50 посетители со маски. Влез:100 денари.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 12.11.2020 година (четврток) со почеток од 12 часот, во фоајето на Центарот за култура ќе се одржи изложба на експериментална фотографија наречени „Фотограми“, автор на овие фотографии е Стојанче Величковски од Крива Паланка.