Даме Груев бб,
1440 Неготино

Почитувани, со задоволство ви соопштуваме дека на 15.06.2023 год. (четврток) со почеток од 20:00 час. во салата на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, Концерт ќе одржи светски познатиот АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ОРА - ТАНЕЦ! Влез: 100 ден.

Почитувани, на 21.03.2023 година (вторник) од 19:00 часот премиерно ќе биде прикажан шведскиот игран филм "ЛАРС И БАРОНОТ".

Кратка содржина 
Шведска. Крај на 19 век. Ларс Ериксон и неговата сопруга мора да се преселат од
градот во пештера која е лоцирана во шума, во сопственост на локален барон. За да
успее да ги преживее лошите сиромашни услови, Ларс започнува со ловокрадство. Тоа не
му се допаѓа на баронот, па му наредува да престане. Ларс, кој не е тип на човек кој сака
да прима наредби, си продолжува по свое и го исмева баронот. Конфликтот меѓу двајцата
мажи ескалира сè додека грофицата, која наследила богатство, не ги покани двајцата на
нејзината годишна забава за лов. Ларс и баронот, поради мудриот надзор на грофицата,
ќе мора да бидат љубезни еден со друг на еден ден.
 
 
Година: 2016
Режија: Џон Торнблад
Времетраење: 97 мин
Земја: Шведска
Жанр: Комедија; Драма;
Повеќе: 21.03.2023 ИГРАН ФИЛМ - ЛАРС И БАРОНОТ

?? ТЕАТАР ВО НЕГОТИНО??

❗️ 15.02 (среда) и 16.02 (четврток)❗️

?15.02.2023 год. (Среда)
⏰ 16:00 час. и 17:00 час.
? НУЦК ,,Ацо Ѓорчев'' - кино сала
? Театарска претстава за деца - ,,ЗЕЛЕНКОВЦИ''.
? Влез: 100ден.

?16.02.2023 год. (Четврток)
⏰ 19:30 час.
? НУЦК ,,Ацо Ѓорчев'' - кино сала
? Театарска претстава - ,,ПАЦИЕНТИ''.
? Влез: 200ден.

 

По повод 75-годишнина на Центарот за култура и празникот на градот - Св. Трифун ја најавуваме Изложбата на фотографии "Културата низ годините" која што претставува една ретроспектива на сите настани одржани во Центарот. Оваа изложба е и најава за одбележувањето на 75 години постоење на Центарот, кое го одбележуваме оваа година.
Настанот ќе биде збогатен и со настап на КУД "Јане Сандански", друштво кое оваа година слави 45 години јубилеј.