
Музичко - сценска дејност📅 Објавено: 2026-11-08
Свечена седница на Општина Неготино 2026
Честит Ден на ослободувањето на Неготино!
Во нашата сала, во НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчевʼʼ - Неготино, во топла и емотивна атмосфера, достојно го одбележавме големиот празник – 8 Ноември, Денот на ослободувањето на нашето Неготино.
На свеченоста, Општина Неготино додели свечени признанија на истакнати поединци и колективи кои со својот труд, посветеност и постигнувања даваат посебен придонес за развојот и афирмацијата на нашиот град.
Ни претставуваше голема чест и задоволство што токму кај нас во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“, преку музика, уметност и заедништво, им оддадовме почит на сите заслужни сограѓани на овој значаен датум.
Нека ни е честит и вековит 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Неготино!






