📞 043 371 081✉️ nucknegotino@gmail.com
НУЦК Ацо Ѓорчев Лого

Национална установа центар за култура

„АЦО ЃОРЧЕВ“ – НЕГОТИНО

Најнова објава

АМАТЕРСКИОТ ТЕАТАР ПРИ НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“ НЕГОТИНО  ПОДГОТВУВА НОВА ПРЕТСТАВА – „НЕГОТИНСКИ МАЈТАПИ“!Театар

📅 2026-11-04

АМАТЕРСКИОТ ТЕАТАР ПРИ НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“ НЕГОТИНО ПОДГОТВУВА НОВА ПРЕТСТАВА – „НЕГОТИНСКИ МАЈТАПИ“!

Почитувани, Со особено задоволство ве информираме дека во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, паралелно со подготовките на театарската претстава „Чорбаџи Теодос“, која е одобрена и поддржана од Министерството за култура, Аматерскиот театар при Центарот неуморно работи и на уште еден нов театарски проект – урнебесната комедија „Неготински мајтапи“! Претставата е во режија на Златко Цветковски, а во актерската екипа повторно ќе ги видиме актерите од минатогодишната претстава „Што виде Батлерот“ , збогатени со нови, млади и талентирани лица кои допрва ќе имаат можност да го покажат својот потенцијал на штиците што живот значат. Особено интересен е податокот дека претставата се подготвува според авторски текст на Златко Цветковски, со кој пред 24 години, на Фестивалот на аматерскиот и алтернативниот театар (ФААТ) во Кочани, беше освоена наградата за најдобра машка улога, која му припадна на Влатко Арсов. Со овој проект, Аматерскиот театар продолжува да ја негува театарската традиција во Неготино, да создава нови актерски имиња и да отвора простор за младите луѓе да се изразат преку театарската уметност. Неготино добива уште една комедија, уште една приказна и уште една причина да се смее! Следете нè за повеќе информации за премиерата!

📰 Претходни настани и новости

⭐️⭐️ ПРЕМИЕРА ⭐️⭐️ ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ЧОРБАЏИ ТЕОДОС“Театар

📅 2026-11-02

⭐️⭐️ ПРЕМИЕРА ⭐️⭐️ ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ЧОРБАЏИ ТЕОДОС“

Со гордост ви ја најавуваме премиерата на театарската претстава „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, а во изведба на членовите на Драмскиот аматерски театар при НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино. Режија - Кристина Јованова 📅 Датум: 12 ноември од 19:00 час. 📍 Место: НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино
Цела објава →
,,ЧОРБАЏИ ТЕОДОСʼʼ се спрема во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ НеготиноТеатар

📅 2026-10-19

,,ЧОРБАЏИ ТЕОДОСʼʼ се спрема во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино

Кога светлата во салата ќе се изгаснат, а завесата ќе проговори... Времето ќе застане, за да ни го покаже сопственото огледало. 🕯️ ,,ЧОРБАЏИ ТЕОДОСʼʼ Нова театарска приказна во подготвување на Драмскиот аматерски театар при НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчевʼʼ - Неготино. Завесата се крева наскоро! facebook.com/nucknegotino2022
Цела објава →
ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА - „Чудесниот напиток“Театар

📅 2026-10-16

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА - „Чудесниот напиток“

✨ Со насмевки, аплаузи и волшебна енергија помина претставата „Чудесниот напиток“! ✨ Салата во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ денес беше преполна со детска радост, љубопитност и возбуда за време на изведбите на интерактивната претстава инспирирана од волшебниот свет на Хари Потер. 🎭 Искрена благодарност до актерската екипа, која преку својот исклучителен талент, висока професионалност и сценска енергија успеа да ја оживее оваа бајка и да внесе вистинска магија меѓу најмладите! 👏 Голема благодарност упатуваме и до сите наставници, ученици и родители кои беа дел од оваа публика. Вашата прекрасна поддршка, сплотеност и активно учество го направија овој настан незаборавно искуство за сите нас! Ви благодариме за укажаната доверба. Се гледаме на следните содржини од нашата културна програма! 🎭❤️ — НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино
Цела објава →
ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА - „ЈЗУ ЕВРОПА“Театар

📅 2026-08-23

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА - „ЈЗУ ЕВРОПА“

„ЈЗУ Европа“ е урнебесна театарска комедија за возрасни во продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, во режија на Кристина Атанасова Арсова. Приказната ги следи двајцата другари и кумови, Манојло и Сотир, кои неочекувано завршуваат на одделението за полуинтензивна нега во болница. Низ динамични и комични ситуации, претставата на духовит начин отвора важни прашања: 💔 Сериозните општествени теми низ призмата на смеата и сатирата. 🩺 Сметањето на апсурдите во системот и нашиот менталитет. 🎭 Човечките односи, пријателството и нивните искушенија. Претставата зад себе има и бројни успешни гостувања низ повеќе градови во земјата. ✨ Вратите на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино се ширум отворени за сите љубители на театарот. Дојдете да споделиме уште една незаборавна вечер исполнета со многу смеа, позитивна енергија и убава дружба. Со оваа претстава магично ја спуштаме завесата на ревијалното издание од Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“ – Денови на театар во Неготино.
Цела објава →
МАГИОНИЧАРСКО ШОУ СО КИКО МАГИКОТеатар

📅 2026-08-21

МАГИОНИЧАРСКО ШОУ СО КИКО МАГИКО

Во рамките на детската програма на фестивалското издание „Денови на театар - Бранко Ѓорчев“, во НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчевʼʼ гостува еден од омилените детски илузионисти — Кристијан Шопов - Кико Магико со вечер исполнета со насмевки, илузии и незаборавна забава. 📅 Датум: 21 август ⏰ Време: 20:00 часот 📍 Локација: НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино 🎟️ Влез: БЕСПЛАТЕН Што ги очекува најмладите? 🖐️ Интерактивна програма: Децата не се само публика — тие се главни асистенти на сцената! 🧩 Еко-тема: Забавна едукација за заштита на животната средина и рециклирањето преку концептот „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“. 😄 Смеа и изненадувања: Хумористичен и динамичен пристап прилагоден за сите возрасти. 🏛️ Организатор: Општина Неготино и градоначалничката Марија Нацева, која ги поддржува сите културни настани и содржини за најмладите во нашиот град.
Цела објава →
ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА - СИНИОТ ПОРТОКАЛТеатар

📅 2026-08-19

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА - СИНИОТ ПОРТОКАЛ

🎭 Вечер исполнета со емоции, прекрасна атмосфера и искрени аплаузи! Претставата „Синиот портокал“ помина во прекрасно светло, оставајќи силен впечаток кај публиката. Со одлична актерска игра, моќна приказна и моменти што долго ќе се паметат, сцената на НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчевʼʼ повторно беше место каде што театарот оживеа во својата најубава форма. 💙 Посебна благодарност до актерите за нивната посветеност, професионалност и исклучителната изведба со која ни приредија незаборавна театарска вечер. Благодариме и на прекрасната публика за поддршката, аплаузите и топлиот прием!
Цела објава →
ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА - „ЗНАМЕ И КУФЕР“Театар

📅 2026-08-17

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА - „ЗНАМЕ И КУФЕР“

🎭 Прекрасна театарска вечер! Вечерва уживавме во прекрасната претстава „Знаме и куфер“, а посебни пофалби заслужуваат актерите Ненад Митевски и Изабела Јакимова. 👏❤️ Со својата енергија, одлична актерска игра, природност и меѓусебна хемија, успеаја да нè насмеат, да нè допрат и да нè натераат да размислуваме за важни прашања од нашето секојдневие. Честитки и до целиот тим зад оваа прекрасна претстава! 🌟 Вистинско уживање беше да се гледа вашата игра!
Цела објава →
Свеченото отворање на третиот театарски фестивал „Бранко Ѓорчев“ 2026Театар

📅 2026-08-16

Свеченото отворање на третиот театарски фестивал „Бранко Ѓорчев“ 2026

🎭 БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА И ОПШТИНА НЕГОТИНО 💐 Голема благодарност до градоначалничката Марија Нацева и Општина Неготино за поддршката и свеченото отворање на третиот театарски фестивал „Бранко Ѓорчев“. Во знак на почит кон ликот и делото на нашиот голем актер, градоначалничката му врачи плакета од Општина Неготино на семејството Ѓорчев. Таа уште еднаш ја потврди својата искрена поддршка за сите уметници и културни дејци кои неуморно творат и го чуваат уметничкиот дух во нашиот град. Посебен печат на настанот даде и нашата актерка Надица Петрова, која со својот хумор и шарм дополнително ја расположи публиката. Искрено се заблагодаруваме за непрекинатата поддршка, соработка и за сите заеднички идни чекори во градењето на богата културна сцена во Неготино!
Цела објава →
Театарска претстава -  „КАРМЕН“ – ДРАМСКО ПАТУВАЊЕ НИЗ ДЛАБОЧИНИТЕ НА ЧОВЕЧКАТА ДУШАТеатар

📅 2026-08-15

Театарска претстава - „КАРМЕН“ – ДРАМСКО ПАТУВАЊЕ НИЗ ДЛАБОЧИНИТЕ НА ЧОВЕЧКАТА ДУША

🎭 ВРВНА СЦЕНСКА ИЗВЕДБА НА БИЛЈАНА ДРАГИЌЕВИЌ-ПРОЈКОВСКА ВО НЕГОТИНО! 🌺 Вчеравечер во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“, во рамките на театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“, актерката Билјана Драгиќевиќ-Пројковска во прекрасно светло ја донесе монодрамата „Кармен“ и со својата моќна игра и сурова емоција ја воодушеви публиката, освојувајќи долготрајни аплаузи. Огромна благодарност до нашата прекрасна публика, до семејството Ѓорчев и до Билјана Драгиќевиќ-Пројковска за врвниот уметнички печат!
Цела објава →

СПОНЗОРИ

Спонзор 1
Спонзор 2
Спонзор 3
Спонзор 4
Спонзор 5
Спонзор 6