
Театар📅 Објавено: 2026-08-16
Свеченото отворање на третиот театарски фестивал „Бранко Ѓорчев“ 2026
🎭 БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА И ОПШТИНА НЕГОТИНО 💐
Голема благодарност до градоначалничката Марија Нацева и Општина Неготино за поддршката и свеченото отворање на третиот театарски фестивал „Бранко Ѓорчев“.
Во знак на почит кон ликот и делото на нашиот голем актер, градоначалничката му врачи плакета од Општина Неготино на семејството Ѓорчев. Таа уште еднаш ја потврди својата искрена поддршка за сите уметници и културни дејци кои неуморно творат и го чуваат уметничкиот дух во нашиот град.
Посебен печат на настанот даде и нашата актерка Надица Петрова, која со својот хумор и шарм дополнително ја расположи публиката.
Искрено се заблагодаруваме за непрекинатата поддршка, соработка и за сите заеднички идни чекори во градењето на богата културна сцена во Неготино!






