📞 043 371 081✉️ nucknegotino@gmail.com
НУЦК Ацо Ѓорчев Лого

Национална установа центар за култура

„АЦО ЃОРЧЕВ“ – НЕГОТИНО

Најнова објава

КУД ЈАНЕ САНДАНСКИ при НУЦК „Ацо Ѓорчев“ Неготино - Гостување во Дубница на Вахом - СловачкаФолклор

📅 2026-09-10

КУД ЈАНЕ САНДАНСКИ при НУЦК „Ацо Ѓорчев“ Неготино - Гостување во Дубница на Вахом - Словачка

КУД „Јане Сандански“ при НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино учествуваше на 32. Меѓународен „Дубнички фолклорен фестивал“, кој се одржа во Дубница на Вахом, Словачка, во 2026 година. Ансамблот учествуваше на две фестивалски вечери, претставувајќи ја македонската фолклорна традиција во целост, преку сите четири сегменти: оркестар, игра, пеење и носија. Пред фестивалската публика, КУД „Јане Сандански“ се претстави со репертоар во традиционална и стилизирана форма, преку кореографии и изведби како: ? „Ораовички собор“ ? „Малешевка“ ? Ороводната песна „Младо Виде“ ? „Копачка“ – традиционална македонска игра која е дел од нематеријалното културно наследство на човештвото под заштита на УНЕСКО. Со својот настап, ансамблот достојно ја претстави македонската фолклорна традиција, нејзината музика, игра, песна и автентичната убавина на македонската народна носија. Учеството на вакви меѓународни фестивали е од особено значење за промоцијата и афирмацијата на македонското културно наследство, како и за воспоставување нови културни контакти и соработка со фолклорни ансамбли од други земји. ?? Со песна, игра и традиција – ја претставуваме Македонија пред светот!

📰 Претходни настани и новости

КУД „Јане Сандански“ при НУЦК „Ацо Ѓорчев“ - 56. издание на фестивалот „Илинденски денови“ во БитолаФолклор

📅 2026-09-10

КУД „Јане Сандански“ при НУЦК „Ацо Ѓорчев“ - 56. издание на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

Со посебно задоволство ја споделуваме веста дека КУД „Јане Сандански“ при НУЦК „Ацо Ѓорчев“ - Неготино оствари успешен настап на 56. издание на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола. Марија Добриновска се врати со освоена награда за најдобра вокална изведба за песната „Болен лежи млад Никола“ од етничкиот предел Скопска Блатија. Искрени честитки до Марија за овој прекрасен успех, како и до целиот ансамбл кој достоинствено ги претставува нашата традиција и култура. Ѝ посакуваме уште многу успеси и отпеани песни во иднина!
Цела објава →
КУД ,,Јане Сандански" при НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчев" Неготино на  Балкански фестивал 2026 - ОхридФолклор

📅 2026-07-05

КУД ,,Јане Сандански" при НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчев" Неготино на Балкански фестивал 2026 - Охрид

Вечерва во 20:30 часот во НУ Центар за култура "Григор Прличев" Охрид, КУД ,,Јане Сандански" при НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчев" Неготино по трет пат ќе земе учество на 65 Јубилејно издание на Балкански фестивал 2026 - Охрид, со песни и игри од Етнички предел Скопска Блатија - сценска адаптација Каршијак на Проф.д-р Владимир Јаневски. 🇲🇰 Македонска култура и традиција 🇲🇰
Цела објава →
КОНЦЕРТ НА ТАНЕЦ - РИТАМОТ НА ДУШАТА , БОЈАТА НА ТРАДИЦИЈАТАФолклор

📅 2026-06-26

КОНЦЕРТ НА ТАНЕЦ - РИТАМОТ НА ДУШАТА , БОЈАТА НА ТРАДИЦИЈАТА

🗓️ 26.06.2025 (четврток) ⏰ 19.30 час. 📍 Градски плоштад Неготино Почитувани љубители на фолклорот, НУ Центар за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино со гордост Ви го најавува спектакуларниот концерт на нашиот подвижен музеј на македонската традиција и култура "Танец". Не пропуштајте ја оваа единствена можност да бидете дел од едно спектакуларно доживување кое само "Танец" може да го приреди. Ве покануваме да дојдете и да уживате во изворните кореографии кои ја раскажуваат приказната за македонската традиција низ игра, песни и раскошни носии. Ве очекуваме!
Цела објава →
ЈАВЕН ЧАС НА НАРОДНИ ОРА И ТАНЦИ 2026Фолклор

📅 2026-06-02

ЈАВЕН ЧАС НА НАРОДНИ ОРА И ТАНЦИ 2026

🗓 02.06.2026 (вторник) ⏰️ 19:00 часот Почитувани, Ве покануваме на Јавен час по народни ора и танци, кој за првпат се реализира како предмет на изучување во ООУ "Страшо Пинџур" Неготино. Имено, ова е прв проект од ваков тип спроведен во Македонија помеѓу образовна и културна институција со цел изучување, едукација и реализација на македонската традиционална култура. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам
Цела објава →
"Народни ора и танци - работилница за играФолклор

📅 2026-05-15

"Народни ора и танци - работилница за игра

На 15.05.2026 г. се одржа теоретска и практична активност по предметот "Народни ора и танци - работилница за игра, песна, инструменти и носија" која се реализира за првпат во Македонија во ООУ ,,Страшо Пинџур" Неготино како проект на НУ ,,Центар за култура ,,Ацо Ѓорчев" Неготино и поддржано од Министерство за култура и туризам со теоретски и практичен мастер клас од страна на колешката М-р проф. Љупка Стефановска. Благодарност за реализираната посета до Марија Шамоска Буџаковска директор на Музичкото училиште Битола - насока за традициски играч и пејач Марија Шамоска и директорот на Центар за култура Битола Сашо Илковски. Реализирањето на предметот "Народни ора и танци" е важен и значаен за развојот и едукацијата на традиционалната македонска култура
Цела објава →
Годишен концерт на УД ,,Јане Сандански" при НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчев"Фолклор

📅 2025-11-29

Годишен концерт на УД ,,Јане Сандански" при НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчев"

📢 Почитувани пријатели и љубители на македонската традиција, КУД ,,Јане Сандански" при НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчев" ви го најавува големиот годишен концерт на кој ќе погледнете нови кореографски содржини од работата за 2025 година. 🗓 29.11.2025 (сабота) ⏰️ 18:00 часот 📍 Кино сала при Центар за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино 💵 100 денари Ве покануваме заедно да уживаме и да ја поддржиме македонската култура и традиција 🇲🇰
Цела објава →

СПОНЗОРИ

Спонзор 1
Спонзор 2
Спонзор 3
Спонзор 4
Спонзор 5
Спонзор 6