
Фолклор📅 Објавено: 2026-06-26
КОНЦЕРТ НА ТАНЕЦ - РИТАМОТ НА ДУШАТА , БОЈАТА НА ТРАДИЦИЈАТА
🗓️ 26.06.2025 (четврток)
⏰ 19.30 час.
📍 Градски плоштад Неготино
Почитувани љубители на фолклорот, НУ Центар за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино со гордост Ви го најавува спектакуларниот концерт на нашиот подвижен музеј на македонската традиција и култура "Танец".
Не пропуштајте ја оваа единствена можност да бидете дел од едно спектакуларно доживување кое само "Танец" може да го приреди.
Ве покануваме да дојдете и да уживате во изворните кореографии кои ја раскажуваат приказната за македонската традиција низ игра, песни и раскошни носии.
Ве очекуваме!






