📞 043 371 081✉️ nucknegotino@gmail.com
НУЦК Ацо Ѓорчев Лого

Национална установа центар за култура

„АЦО ЃОРЧЕВ“ – НЕГОТИНО

Најнова објава

Свечена седница на Општина Неготино 2026Музичко - сценска дејност

📅 2026-11-08

Свечена седница на Општина Неготино 2026

Честит Ден на ослободувањето на Неготино! Во нашата сала, во НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчевʼʼ - Неготино, во топла и емотивна атмосфера, достојно го одбележавме големиот празник – 8 Ноември, Денот на ослободувањето на нашето Неготино. На свеченоста, Општина Неготино додели свечени признанија на истакнати поединци и колективи кои со својот труд, посветеност и постигнувања даваат посебен придонес за развојот и афирмацијата на нашиот град. Ни претставуваше голема чест и задоволство што токму кај нас во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“, преку музика, уметност и заедништво, им оддадовме почит на сите заслужни сограѓани на овој значаен датум. Нека ни е честит и вековит 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Неготино!

📰 Претходни настани и новости

АМАТЕРСКИОТ ТЕАТАР ПРИ НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“ НЕГОТИНО  ПОДГОТВУВА НОВА ПРЕТСТАВА – „НЕГОТИНСКИ МАЈТАПИ“!Театар

📅 2026-11-04

АМАТЕРСКИОТ ТЕАТАР ПРИ НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“ НЕГОТИНО ПОДГОТВУВА НОВА ПРЕТСТАВА – „НЕГОТИНСКИ МАЈТАПИ“!

Почитувани, Со особено задоволство ве информираме дека во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, паралелно со подготовките на театарската претстава „Чорбаџи Теодос“, која е одобрена и поддржана од Министерството за култура, Аматерскиот театар при Центарот неуморно работи и на уште еден нов театарски проект – урнебесната комедија „Неготински мајтапи“! Претставата е во режија на Златко Цветковски, а во актерската екипа повторно ќе ги видиме актерите од минатогодишната претстава „Што виде Батлерот“ , збогатени со нови, млади и талентирани лица кои допрва ќе имаат можност да го покажат својот потенцијал на штиците што живот значат. Особено интересен е податокот дека претставата се подготвува според авторски текст на Златко Цветковски, со кој пред 24 години, на Фестивалот на аматерскиот и алтернативниот театар (ФААТ) во Кочани, беше освоена наградата за најдобра машка улога, која му припадна на Влатко Арсов. Со овој проект, Аматерскиот театар продолжува да ја негува театарската традиција во Неготино, да создава нови актерски имиња и да отвора простор за младите луѓе да се изразат преку театарската уметност. Неготино добива уште една комедија, уште една приказна и уште една причина да се смее! Следете нè за повеќе информации за премиерата!
Цела објава →
⭐️⭐️ ПРЕМИЕРА ⭐️⭐️ ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ЧОРБАЏИ ТЕОДОС“Театар

📅 2026-11-02

⭐️⭐️ ПРЕМИЕРА ⭐️⭐️ ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ЧОРБАЏИ ТЕОДОС“

Со гордост ви ја најавуваме премиерата на театарската претстава „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, а во изведба на членовите на Драмскиот аматерски театар при НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино. Режија - Кристина Јованова 📅 Датум: 12 ноември од 19:00 час. 📍 Место: НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино
Цела објава →
,,ЧОРБАЏИ ТЕОДОСʼʼ се спрема во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ НеготиноТеатар

📅 2026-10-19

,,ЧОРБАЏИ ТЕОДОСʼʼ се спрема во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино

Кога светлата во салата ќе се изгаснат, а завесата ќе проговори... Времето ќе застане, за да ни го покаже сопственото огледало. 🕯️ ,,ЧОРБАЏИ ТЕОДОСʼʼ Нова театарска приказна во подготвување на Драмскиот аматерски театар при НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчевʼʼ - Неготино. Завесата се крева наскоро! facebook.com/nucknegotino2022
Цела објава →
Промоцијата на стихозбирката „Мојот свет без маски“ од Славица ТрпковаЛитературна дејност

📅 2026-10-18

Промоцијата на стихозбирката „Мојот свет без маски“ од Славица Трпкова

✨ Поезијата ја разбуди емоцијата во фоајето на Центарот за култура ✨ Во фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, промоцијата на стихозбирката „Мојот свет без маски“ од Славица Трпкова ја разбуди емоцијата и го исполни просторот со топол пишан збор. Секој прочитан стих ги допре присутните, потсетувајќи нè на убавината на искрените човечки чувства. 📖🕊️ Искрена и длабока благодарност до авторката Славица Трпкова за нејзините прекрасни стихови, за храброста и нежноста со која го сподели својот внатрешен свет. Голема благодарност и до ученичките кои со својата младешка енергија и вдахновени рецитации ѝ дадоа посебна убавина и живост на вечерта 🌟, како и до сите драги гости кои со своето присуство и аплаузи го заокружија овој прекрасен настан 👏 💐
Цела објава →
ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА - „Чудесниот напиток“Театар

📅 2026-10-16

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА - „Чудесниот напиток“

✨ Со насмевки, аплаузи и волшебна енергија помина претставата „Чудесниот напиток“! ✨ Салата во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ денес беше преполна со детска радост, љубопитност и возбуда за време на изведбите на интерактивната претстава инспирирана од волшебниот свет на Хари Потер. 🎭 Искрена благодарност до актерската екипа, која преку својот исклучителен талент, висока професионалност и сценска енергија успеа да ја оживее оваа бајка и да внесе вистинска магија меѓу најмладите! 👏 Голема благодарност упатуваме и до сите наставници, ученици и родители кои беа дел од оваа публика. Вашата прекрасна поддршка, сплотеност и активно учество го направија овој настан незаборавно искуство за сите нас! Ви благодариме за укажаната доверба. Се гледаме на следните содржини од нашата културна програма! 🎭❤️ — НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино
Цела објава →
Промоцијата на книгата „Мојот свет без маски“Литературна дејност

📅 2026-10-11

Промоцијата на книгата „Мојот свет без маски“

✨ ПОКАНА ЗА ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ✨ Ве покануваме на промоцијата на книгата „Мојот свет без маски“ од авторката Славица Трпкова! 💭 „Многу стихови една мисла. Многу љубов и искрени чувства.“ 📖 За книгата: Книгата „Мојот свет без маски“ е вистинска ризница на стихови и мисли кои се раѓаат од длабочината на срцето. Низ искрени и топли стихови, авторката нè води низ патување каде емоциите се искажуваат слободно и искрено, и каде вистинската човечка топлина излегува на површина. 📅 Датум: 17 октомври 2026 година ⏰ Час: 18:00 часот 📍 Локација: Фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино ✍️ Автор: Славица Трпкова Дојдете заедно да уживаме во поетската вечер исполнета со искрени емоции и убав пишан збор! Ве очекуваме
Цела објава →
Промоција на книга„Приказната на Андреј“Литературна дејност

📅 2026-10-05

Промоција на книга„Приказната на Андреј“

📖 Во саботната вечер, НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ беше вистинска оаза на чиста емоција. Низ страниците на „Приказната на Андреј“ од Марина Станиславова - топла и чувствителна приказна посветена на емоциите, прифаќањето и автентичното пријателство, започнавме еден прекрасен викенд во вистинско светло. 🌟 Најтопли честитки до авторката за ова прекрасно дело, со желби за уште многу успеси во иднина. 💖 Ви благодариме што сите заедно ја доживеавме убавината на пишаниот збор!
Цела објава →
ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ од детска ликовна колонија „Лебедово езеро – Струмица 2026“.Ликовни и Фото изложби

📅 2026-09-29

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ од детска ликовна колонија „Лебедово езеро – Струмица 2026“.

✨Изложбата помина во прекрасно светло✨ Под топлите сончеви зраци, на отвореното плато пред Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, одблескаа прекрасните изработки од Детската ликовна колонија „Лебедово езеро – 2026“. Изложените ликовни дела ги изработија деца, членови на ликовни училишта и студија од Неготино, Кочани, Берово, Струмица и Ново Село. Настанот предизвика големо внимание кај граѓаните, а делата беа создадени во периодот 11 и 12.6.2026 година на комплексот „Лебедово езеро“ во организација на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ – Струмица. Ви благодариме на сите што бевте дел од овој настан и што заедно создаваме инспиративна средина каде што овие таленти можат слободно да творат!
Цела објава →

СПОНЗОРИ

Спонзор 1
Спонзор 2
Спонзор 3
Спонзор 4
Спонзор 5
Спонзор 6