
Литературна дејност📅 Објавено: 2026-10-05
Промоција на книга„Приказната на Андреј“
📖 Во саботната вечер, НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ беше вистинска оаза на чиста емоција.
Низ страниците на „Приказната на Андреј“ од Марина Станиславова - топла и чувствителна приказна посветена на емоциите, прифаќањето и автентичното пријателство, започнавме еден прекрасен викенд во вистинско светло.
🌟 Најтопли честитки до авторката за ова прекрасно дело, со желби за уште многу успеси во иднина.
💖 Ви благодариме што сите заедно ја доживеавме убавината на пишаниот збор!






