Театар📅 Објавено: 2026-08-19
ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА - СИНИОТ ПОРТОКАЛ
🎭 Вечер исполнета со емоции, прекрасна атмосфера и искрени аплаузи!
Претставата „Синиот портокал“ помина во прекрасно светло, оставајќи силен впечаток кај публиката. Со одлична актерска игра, моќна приказна и моменти што долго ќе се паметат, сцената на НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчевʼʼ повторно беше место каде што театарот оживеа во својата најубава форма.
💙 Посебна благодарност до актерите за нивната посветеност, професионалност и исклучителната изведба со која ни приредија незаборавна театарска вечер.
Благодариме и на прекрасната публика за поддршката, аплаузите и топлиот прием!






