Театар📅 Објавено: 2026-08-23
ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА - „ЈЗУ ЕВРОПА“
„ЈЗУ Европа“ е урнебесна театарска комедија за возрасни во продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, во режија на Кристина Атанасова Арсова.
Приказната ги следи двајцата другари и кумови, Манојло и Сотир, кои неочекувано завршуваат на одделението за полуинтензивна нега во болница.
Низ динамични и комични ситуации, претставата на духовит начин отвора важни прашања:
💔 Сериозните општествени теми низ призмата на смеата и сатирата.
🩺 Сметањето на апсурдите во системот и нашиот менталитет.
🎭 Човечките односи, пријателството и нивните искушенија.
Претставата зад себе има и бројни успешни гостувања низ повеќе градови во земјата.
✨ Вратите на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино се ширум отворени за сите љубители на театарот. Дојдете да споделиме уште една незаборавна вечер исполнета со многу смеа, позитивна енергија и убава дружба.
Со оваа претстава магично ја спуштаме завесата на ревијалното издание од Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“ – Денови на театар во Неготино.






