📞 043 371 081✉️ nucknegotino@gmail.com
НУЦК Ацо Ѓорчев Лого

Национална установа центар за култура

„АЦО ЃОРЧЕВ“ – НЕГОТИНО

ФИЛМ - „СЕСТРА БРАТ И ШАХТА“
Кино📅 Објавено: 2026-11-20

ФИЛМ - „СЕСТРА БРАТ И ШАХТА“

🎬 ЕКСКЛУЗИВЕН ФИЛМСКИ НАСТАН ВО НЕГОТИНО! Со особена чест и задоволство ве информираме дека на 3 декември 2026 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, во кино-салата на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, премиерно ќе биде прикажан најновиот филм на реномираниот македонски режисер Милчо Манчевски, кој освои награда на филмски фестивал во Токио! 🎥 Филмската премиера во Неготино ќе се одржи истовремено со премиерните прикажувања во кината низ Македонија, овозможувајќи им на љубителите на филмската уметност да бидат меѓу првите што ќе го погледнат најновото остварување на еден од најзначајните македонски филмски автори. 📅 Датум: 03.12.2026 година (четврток) 🕖 Почеток: 19:00 часот 📍 Локација: Кино-сала, НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино 🎟️ Цена на влезница: 150 денари Ве покануваме да бидете дел од овој ексклузивен филмски настан и да уживате во најновото филмско остварување на Милчо Манчевски! Ве очекуваме во кино! 🎬 Наслов на мкд и анг мк: Сестра, брат и шахта / aнг: Sister Brother Manhole Cover Содржина на филмот: „Сестра, брат и шахта“ е остра сатира и нежен портрет на брат и сестра, кои со хумор и пркос се борат против едно корумпирано општество. Нашите Ивица и Марица крадат бисти за да преживеат и еден убав ден среќаваат една богата слепа баба. Актери: Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Дејан Лилиќ, Петар Мирчевски, Стефан Николовски, Јордан Симонов, Јасмина Василева, Марина Поп Панкова, Симона Спировска, Ана Костовска, Ванчо Ѓошевски Режисер и сценарист: Милчо Манчевски Времетраење: 1 час 55 минути Копродукција меѓу: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Италија, Англија Година на продукција: 2026 Жанр: црна комедија

СПОНЗОРИ

Спонзор 1
Спонзор 2
Спонзор 3
Спонзор 4
Спонзор 5
Спонзор 6