
Фолклор📅 Објавено: 2026-11-26
ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА КУД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ ПРИ НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА „АЦО ЃОРЧЕВ“ - НЕГОТИНО
Културно-уметничкото друштво „Јане Сандански“, при НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, традиционално и оваа година го организира својот завршен годишен концерт, на кој публиката ќе има можност да ужива во богатството на македонската народна музика, песни и ора, како и во убавината на македонската традиција и фолклор.
Концертот ќе се одржи на 5 декември 2026 година (сабота), во просториите на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино.
📅 Датум: 05.12.2026 година (сабота)
📍 Локација: НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино
🎟️ Цена на влезница: 150 денари
Ве покануваме да бидете дел од оваа традиционална фолклорна вечер и заедно да ја прославиме убавината на македонскиот фолклор и културното наследство.
Ве очекуваме!






