
Музичко - сценска дејност📅 Објавено: 2026-06-12
КОНЦЕРТ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА - „МУЗИЧКО ПАТУВАЊЕ“
🎼 🎵 ✨Уште една прекрасна вечер во нашиот град!
Вчера, на 12.6.2026 година, во фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ се одржа концертот „Музичко патување“.
🌟✨Виртуозите од „Пијано Трио“ — Татијана Петрушевска, Марјан Милошевски и Петар Макариевски, приредија вистинско музичко доживување за сите љубители на класичната музика.
Настанот помина во прекрасна и топла атмосфера, а присутните уживаа во извонредните изведби на делата од Моцарт, Ѓумар, Иванов и останатите композитори.
❤️✨Искрена благодарност до уметниците за преубавата енергија и до публиката која ги поддржува нашите културни настани!






