
Ликовни и Фото изложби📅 Објавено: 2026-06-04
МАКЕДОНСКИ ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ 2026
Денес во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино се одржа традиционалниот Македонски ликовен хепенинг 2026 во организација на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино. Во прекрасниот манастирски амбиент, учесниците создадоа уметнички дела инспирирани од природата, традицијата и духовното наследство на овој крај.
Ликовната колонија претставуваше можност за креативно изразување, дружење и афирмација на ликовната уметност.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.






