
Музичко - сценска дејност📅 Објавено: 2026-04-24
Потпишан меморандум за соработка меѓу НУ Центар за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино и ОУ Дом на култура „ Мирка Гинова“ Демир Капија
Потпишан меморандум за соработка меѓу НУ Центар за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино и ОУ Дом на култура „ Мирка Гинова“ Демир Капија.
Денес, 24.04.2026 година беше потпишан меморандум за соработка помеѓу ОУ Дом на култура„ Мирка Гинова“ Демир Капија и НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино
Меморандумот го потпишаа в.д.директорот на ОУ Дом на култура„ Мирка Гинова“ Демир Капија Цветанка Тодоровска Митрева и директорот на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ од Неготино Виолета Стојановска.
Меморандумот има за цел унапредување и продлабочување на соработката во областа на културата и дејностите на културата :театар,фолклор ,ликовна уметност и литература.
Со потпишување на овој документ двете институции се согласија и договорија на :
-Зајакнување на меѓусебната соработка преку размена на проекти од дејностите на културата со :
-Организирање на изложби и културни настани,
-Реализирање на театарски претстави ;
-Спроведување едукативни работилници и програми од областа на културата.
-Литература и промоција на дела,автори и пишан збор;
-Фолклор со взаемна соработка во дејноста на фолкорот со промоција на богатата фолклортна традиција на регионот.
Овој меморандум значи почеток на длабока и искрена соработка и пријателство , взаемно почитување и чекор кон заедничко дејствување во насока на збогатување на културниот живот во Неготино и Демир Капија ,градење на вредности кон постигнување на повисоки цели ,културно издигнување и зачувување на нашата богата традиција и културно наследство.
На овој начин културата во сите нејзини дејности ќе биде видлива ,збогатена и многу повеќе достапна на посетителите






