
Литературна дејност📅 Објавено: 2025-10-27
Промоција на книгата „Додека кафето не се излади“
🗓️ 27.10.2025 г. (Понеделник)
⏰ 17.00 час.
📌 Фоаје при НУ Центар за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино
Почитувани,
Ве покануваме на промоција на книгата „Додека кафето не се излади“ од нашата сограѓанка Драгана М. Стратијева.
Оваа книга говори за љубовта што нè менува, за тишините што оставаат трага и за враќањето кон себе кога сè друго се лади. Ова не е љубовна приказна, туку човечка - напишана од срце што научило да зборува, дури и кога зборовите болат.






