
Кино📅 Објавено: 2025-10-28
ФИЛМ - "ДИЏЕЈ АХМЕТ"
🗓 28.10.2025 (вторник)
⏰️ 19:00 часот
📌 Кино сала при Центар за култура
"Ацо Ѓорчев"
Почитувани,
повелете да ја погледнеме македонската драма "ДИЏЕЈ АХМЕТ" во режија на Георги Унковски, која го прикажува животот на 15-годишниот Ахмет во јуручко село во Македонија. Својата премиера, филмот ја има на Санденс на 23 јануари 2025 година, каде освојува две награди: наградата од публиката во програмата Светски филм и Специјалната награда на жирито за креативна визија.






