📞 043 371 081✉️ nucknegotino@gmail.com
НУЦК Ацо Ѓорчев Лого

Национална установа центар за култура

„АЦО ЃОРЧЕВ“ – НЕГОТИНО

Најнова објава

ИЗЛОЖБА НА КОПАНИЧАРСКИ ДЕЛА - МОБИЛНА ГАЛЕРИЈАЛиковни и Фото изложби

📅 2026-11-06

ИЗЛОЖБА НА КОПАНИЧАРСКИ ДЕЛА - МОБИЛНА ГАЛЕРИЈА

Изложба на копаничарски дела на ЗЗН „Стари занаети“ во Ценатарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино.

📰 Претходни настани и новости

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ од детска ликовна колонија „Лебедово езеро – Струмица 2026“.Ликовни и Фото изложби

📅 2026-09-29

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ од детска ликовна колонија „Лебедово езеро – Струмица 2026“.

✨Изложбата помина во прекрасно светло✨ Под топлите сончеви зраци, на отвореното плато пред Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, одблескаа прекрасните изработки од Детската ликовна колонија „Лебедово езеро – 2026“. Изложените ликовни дела ги изработија деца, членови на ликовни училишта и студија од Неготино, Кочани, Берово, Струмица и Ново Село. Настанот предизвика големо внимание кај граѓаните, а делата беа создадени во периодот 11 и 12.6.2026 година на комплексот „Лебедово езеро“ во организација на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ – Струмица. Ви благодариме на сите што бевте дел од овој настан и што заедно создаваме инспиративна средина каде што овие таленти можат слободно да творат!
Цела објава →
ГОДИШНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ВO НЕГОТИНОЛиковни и Фото изложби

📅 2026-09-10

ГОДИШНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ВO НЕГОТИНО

ГОДИШНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ВO НЕГОТИНО! И оваа година 2026 ја прославиме креативноста, фантазијата и шаренилото на младите уметници! ?️✨ Граѓаните на Неготино уживаа во прекрасните творби на децата, создадени со многу љубов, имагинација и талент. Датум: 6 Август ⏰ Време: 20:00 часот Локација: Фоаје на Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино Програма: Изложба
Цела објава →
ИЗЛОЖБА ОД МАКЕДОНСКИ ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ 2026Ликовни и Фото изложби

📅 2026-06-19

ИЗЛОЖБА ОД МАКЕДОНСКИ ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ 2026

🎨 Вчеравечер во фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино се одржа изложбата на слики создадени во рамките на Македонскиот ликовен хепенинг 2026. Посетителите имаа можност да уживаат во делата на учесниците и во богатството на ликовниот израз. ✨ Благодарност до сите присутни за поддршката и споделената љубов кон уметноста.
Цела објава →
ЛИКОВНА КОЛОНИЈА - „ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО“Ликовни и Фото изложби

📅 2026-06-12

ЛИКОВНА КОЛОНИЈА - „ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО“

🎨 12.06.2026 🎨 Успешно учество и претставување на Ликовната колонија ,,Лебедово Езеро - 2026". Прекрасни слики инспирирани од природните убавини на локалитетот Лебедово езеро. Благодариме на поканата Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица и се надеваме на уште успешни соработки
Цела објава →
МАКЕДОНСКИ ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ 2026Ликовни и Фото изложби

📅 2026-06-04

МАКЕДОНСКИ ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ 2026

Денес во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино се одржа традиционалниот Македонски ликовен хепенинг 2026 во организација на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино. Во прекрасниот манастирски амбиент, учесниците создадоа уметнички дела инспирирани од природата, традицијата и духовното наследство на овој крај. Ликовната колонија претставуваше можност за креативно изразување, дружење и афирмација на ликовната уметност. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
Цела објава →
Изложба на слики на стаклени шишиња - Ленча ВитановскаЛиковни и Фото изложби

📅 2026-06-03

Изложба на слики на стаклени шишиња - Ленча Витановска

Вчера во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино се одржа самостојната изложба на Ленча Витановска, посветена на рачно сликање на стаклени шишиња. Посетителите имаа можност да уживаат во уникатни рачно изработени дела со мотиви од македонските носии, традиционалните шари и грозјето, инспирирани од Тиквешкиот крај.
Цела објава →
ИЗЛОЖБА - АПСТРАКТНИ ВИДУВАЊАЛиковни и Фото изложби

📅 2026-05-27

ИЗЛОЖБА - АПСТРАКТНИ ВИДУВАЊА

🎨 Почитувани љубители на ликовната уметност, Ве покануваме да присуствувате на изложбата на слики на нашата уметница Драгица Чекорова насловена како "Апстрактни видувања" 🗓 27.05.2026 год. (среда) ⏰️ 19:00 ч. 📍 Фоаје во Центар за култура "Ацо Ѓорчев" Ве очекуваме! Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам.
Цела објава →
Светски ден на танцот и џезотЛиковни и Фото изложби

📅 2026-04-30

Светски ден на танцот и џезот

По повод Светскиот ден на танцот и Светскиот ден на џезот, во Центарот за култура имавме чест да бидеме домаќини на учениците од ООУ ,,Страшо Пинџурʼʼ Неготино под менторство на наставничката Јованка Паункова. Преку разгледување на Центарот и разговор на вработените, учениците имаа можност да се запознаат со дејностите на установата со посебен акцент на фолклорот, музиката, танцовата уметност и филмот како важен дел од културното наследство. Со оваа посета заеднички ги одбележавме деновите посветени на танцот и џезот - уметности кои поврзуваат, инспирираат и ја негуваат креативноста кај младите.
Цела објава →
ИЗЛОЖБА - КОГА СТРИПОТ ЌЕ ГО ЗАИГРА РУСАЛИСКОТО ОРОЛиковни и Фото изложби

📅 2026-04-01

ИЗЛОЖБА - КОГА СТРИПОТ ЌЕ ГО ЗАИГРА РУСАЛИСКОТО ОРО

Од панел до панел вечерва го почувствувавме движењето на орото, ехото на сабјата и мистиката на дружината - спојот меѓу древниот ритуал и современиот цртачки јазик Благодариме на прекрасната изложба
Цела објава →

СПОНЗОРИ

Спонзор 1
Спонзор 2
Спонзор 3
Спонзор 4
Спонзор 5
Спонзор 6