📞 043 371 081✉️ nucknegotino@gmail.com
НУЦК Ацо Ѓорчев Лого

Национална установа центар за култура

„АЦО ЃОРЧЕВ“ – НЕГОТИНО

Најнова објава

Промоцијата на стихозбирката „Мојот свет без маски“ од Славица ТрпковаЛитературна дејност

📅 2026-10-18

Промоцијата на стихозбирката „Мојот свет без маски“ од Славица Трпкова

✨ Поезијата ја разбуди емоцијата во фоајето на Центарот за култура ✨ Во фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, промоцијата на стихозбирката „Мојот свет без маски“ од Славица Трпкова ја разбуди емоцијата и го исполни просторот со топол пишан збор. Секој прочитан стих ги допре присутните, потсетувајќи нè на убавината на искрените човечки чувства. 📖🕊️ Искрена и длабока благодарност до авторката Славица Трпкова за нејзините прекрасни стихови, за храброста и нежноста со која го сподели својот внатрешен свет. Голема благодарност и до ученичките кои со својата младешка енергија и вдахновени рецитации ѝ дадоа посебна убавина и живост на вечерта 🌟, како и до сите драги гости кои со своето присуство и аплаузи го заокружија овој прекрасен настан 👏 💐

📰 Претходни настани и новости

Промоцијата на книгата „Мојот свет без маски“Литературна дејност

📅 2026-10-11

Промоцијата на книгата „Мојот свет без маски“

✨ ПОКАНА ЗА ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ✨ Ве покануваме на промоцијата на книгата „Мојот свет без маски“ од авторката Славица Трпкова! 💭 „Многу стихови една мисла. Многу љубов и искрени чувства.“ 📖 За книгата: Книгата „Мојот свет без маски“ е вистинска ризница на стихови и мисли кои се раѓаат од длабочината на срцето. Низ искрени и топли стихови, авторката нè води низ патување каде емоциите се искажуваат слободно и искрено, и каде вистинската човечка топлина излегува на површина. 📅 Датум: 17 октомври 2026 година ⏰ Час: 18:00 часот 📍 Локација: Фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино ✍️ Автор: Славица Трпкова Дојдете заедно да уживаме во поетската вечер исполнета со искрени емоции и убав пишан збор! Ве очекуваме
Цела објава →
Промоција на книга„Приказната на Андреј“Литературна дејност

📅 2026-10-05

Промоција на книга„Приказната на Андреј“

📖 Во саботната вечер, НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ беше вистинска оаза на чиста емоција. Низ страниците на „Приказната на Андреј“ од Марина Станиславова - топла и чувствителна приказна посветена на емоциите, прифаќањето и автентичното пријателство, започнавме еден прекрасен викенд во вистинско светло. 🌟 Најтопли честитки до авторката за ова прекрасно дело, со желби за уште многу успеси во иднина. 💖 Ви благодариме што сите заедно ја доживеавме убавината на пишаниот збор!
Цела објава →
Настан по повод „Светскиот ден на поезијата“Литературна дејност

📅 2026-03-20

Настан по повод „Светскиот ден на поезијата“

Во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ се одбележа Светскиот ден на поезијата на еден посебен начин - преку креативна работилница „Поезијата живее меѓу нас“. Учениците од IX одделение од ООУ „Гоце Делчев“, заедно со наставничката Николинка Јакова и стручниот соработник при НУ Центар за култура, низ игра со зборови, асоцијации и визуелни инспирации ја откриваа магијата на поетскиот израз. Секоја слика, секој збор и секое чувство се претворија во кратки стихови полни со идеи и фантазија. Атмосферата беше топла, креативна и исполнета со љубов кон поезијата - потсетување дека поезијата навистина живее меѓу нас, во секојдневните моменти и во нашите мисли.
Цела објава →
Промоција на книгата „Додека кафето не се излади“Литературна дејност

📅 2025-10-27

Промоција на книгата „Додека кафето не се излади“

🗓️ 27.10.2025 г. (Понеделник) ⏰ 17.00 час. 📌 Фоаје при НУ Центар за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино Почитувани, Ве покануваме на промоција на книгата „Додека кафето не се излади“ од нашата сограѓанка Драгана М. Стратијева. Оваа книга говори за љубовта што нè менува, за тишините што оставаат трага и за враќањето кон себе кога сè друго се лади. Ова не е љубовна приказна, туку човечка - напишана од срце што научило да зборува, дури и кога зборовите болат.
Цела објава →
Промоција на книгата „Со солзи по патот на судбината“Литературна дејност

📅 2024-05-22

Промоција на книгата „Со солзи по патот на судбината“

🗓️22.05.2024 (среда) ⏰19.00 час. 📌Кино сала при НУЦК "Ацо Ѓорчев" Неготино Почитувани, Ве покануваме на промоција на книгата „Со солзи по патот на судбината“ од Диме Ристов во Центарот за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино.
Цела објава →

СПОНЗОРИ

Спонзор 1
Спонзор 2
Спонзор 3
Спонзор 4
Спонзор 5
Спонзор 6