📞 043 371 081✉️ nucknegotino@gmail.com
НУЦК Ацо Ѓорчев Лого

Национална установа центар за култура

„АЦО ЃОРЧЕВ“ – НЕГОТИНО

Најнова објава

Свечена седница на Општина Неготино 2026Музичко - сценска дејност

📅 2026-11-08

Свечена седница на Општина Неготино 2026

Честит Ден на ослободувањето на Неготино! Во нашата сала, во НУ Центар за култура ,,Ацо Ѓорчевʼʼ - Неготино, во топла и емотивна атмосфера, достојно го одбележавме големиот празник – 8 Ноември, Денот на ослободувањето на нашето Неготино. На свеченоста, Општина Неготино додели свечени признанија на истакнати поединци и колективи кои со својот труд, посветеност и постигнувања даваат посебен придонес за развојот и афирмацијата на нашиот град. Ни претставуваше голема чест и задоволство што токму кај нас во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“, преку музика, уметност и заедништво, им оддадовме почит на сите заслужни сограѓани на овој значаен датум. Нека ни е честит и вековит 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Неготино!

📰 Претходни настани и новости

КОНЦЕРТ - "SAX IN BLUE"Музичко - сценска дејност

📅 2026-07-25

КОНЦЕРТ - "SAX IN BLUE"

📅 25 ЈУНИ 2026 (ЧЕТВРТОК) | 🕗 20:30 ЧАСОТ 📍 Пред платото на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино 🎶 Концерт под отворено небо – Пијано и саксофон 🎷🎹 Ве покануваме на музичка вечер исполнета со звуците на пијаното и саксофонот, преку кои ќе бидат претставени дела од популарната музика, класиката и џезот, како и композиции од повеќе музички стилови. Со внимателно одбрана програма и уникатниот спој на овие два инструменти, публиката ќе има можност да ужива во богато музичко доживување и незаборавна атмосфера под отворено небо
Цела објава →
КОНЦЕРТ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА -  „МУЗИЧКО ПАТУВАЊЕ“Музичко - сценска дејност

📅 2026-06-12

КОНЦЕРТ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА - „МУЗИЧКО ПАТУВАЊЕ“

🎼 🎵 ✨Уште една прекрасна вечер во нашиот град! Вчера, на 12.6.2026 година, во фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ се одржа концертот „Музичко патување“. 🌟✨Виртуозите од „Пијано Трио“ — Татијана Петрушевска, Марјан Милошевски и Петар Макариевски, приредија вистинско музичко доживување за сите љубители на класичната музика. Настанот помина во прекрасна и топла атмосфера, а присутните уживаа во извонредните изведби на делата од Моцарт, Ѓумар, Иванов и останатите композитори. ❤️✨Искрена благодарност до уметниците за преубавата енергија и до публиката која ги поддржува нашите културни настани!
Цела објава →
ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ - "JAZZ 1440"Музичко - сценска дејност

📅 2026-05-13

ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ - "JAZZ 1440"

🗓 13.05.2026 г. (среда) ⏰ 20:30 часот 📍 Плато пред НУЦК "Ацо Ѓорчев" Неготино Почитувани љубители на џез музиката, ве покануваме заедно да уживаме во звуците на џезот и да ги слушнеме прекрасните џез изведби од повеќе изведувачи кои ќе земат учество на фестивалот "JAZZ 1440" во организација на Центарот за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино 🎶 Ве очекуваме 🎶 Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам. Линк од youtube: youtube.com/watch?v=i4kwxqRx7YY&list=RDi4kwxqRx7YY&start_radio=1&t=6375s
Цела објава →
Потпишан меморандум за соработка меѓу НУ Центар за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино и ОУ Дом на култура „ Мирка Гинова“ Демир КапијаМузичко - сценска дејност

📅 2026-04-24

Потпишан меморандум за соработка меѓу НУ Центар за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино и ОУ Дом на култура „ Мирка Гинова“ Демир Капија

Потпишан меморандум за соработка меѓу НУ Центар за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино и ОУ Дом на култура „ Мирка Гинова“ Демир Капија. Денес, 24.04.2026 година беше потпишан меморандум за соработка помеѓу ОУ Дом на култура„ Мирка Гинова“ Демир Капија и НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино Меморандумот го потпишаа в.д.директорот на ОУ Дом на култура„ Мирка Гинова“ Демир Капија Цветанка Тодоровска Митрева и директорот на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ од Неготино Виолета Стојановска. Меморандумот има за цел унапредување и продлабочување на соработката во областа на културата и дејностите на културата :театар,фолклор ,ликовна уметност и литература. Со потпишување на овој документ двете институции се согласија и договорија на : -Зајакнување на меѓусебната соработка преку размена на проекти од дејностите на културата со : -Организирање на изложби и културни настани, -Реализирање на театарски претстави ; -Спроведување едукативни работилници и програми од областа на културата. -Литература и промоција на дела,автори и пишан збор; -Фолклор со взаемна соработка во дејноста на фолкорот со промоција на богатата фолклортна традиција на регионот. Овој меморандум значи почеток на длабока и искрена соработка и пријателство , взаемно почитување и чекор кон заедничко дејствување во насока на збогатување на културниот живот во Неготино и Демир Капија ,градење на вредности кон постигнување на повисоки цели ,културно издигнување и зачувување на нашата богата традиција и културно наследство. На овој начин културата во сите нејзини дејности ќе биде видлива ,збогатена и многу повеќе достапна на посетителите
Цела објава →
Перформанс - "Нашите иднини"Музичко - сценска дејност

📅 2025-11-22

Перформанс - "Нашите иднини"

🗓22.11.2025 г. (сабота) ⏰️ 20:00 час 🌟 "Нашите иднини" 🌟 Перформанс кој ги комбинира уметноста и науката во режија на Тјери Поке Учесници: ➡️ Ерик Лонгсворт - виолончелист ➡️ Ученици од билингвалната франкофонска паралелка при СОУ "Св. Кирил и Методиј" Неготино ❗️Влез: Слободен
Цела објава →
25 години Евангелска Црква - НеготиноМузичко - сценска дејност

📅 2025-11-12

25 години Евангелска Црква - Неготино

ОДБЕЛЕЖАНИ 25 ГОДИНИ ЕВАНГЕЛСКА ЦРКВА – НЕГОТИНО Во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино се одржа свечен настан по повод одбележувањето на 25 години од постоењето и дејствувањето на Евангелската црква во Неготино. Настанот беше проследен со музички настап на пејачка група, која со својата изведба придонесе за свечената и духовна атмосфера. Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино продолжува да обезбедува простор за одржување настани кои го збогатуваат културниот и духовниот живот на локалната заедница. Честитки за 25-годишниот јубилеј!
Цела објава →
Стендап комедија со Бојан ВелевскиМузичко - сценска дејност

📅 2025-09-11

Стендап комедија со Бојан Велевски

Почитувани, на 11.09.2025 год.(четврток) со почеток од 20:00 час. Општина Неготино во соработка со Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ве поканува на Стендап комедија со Бојан Велевски во салата на Центарот за култура. Влез слободен! Не пропуштајте!
Цела објава →
ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ - "JAZZ 1440" 2025Музичко - сценска дејност

📅 2025-05-22

ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ - "JAZZ 1440" 2025

🗓 22.05.2025 г. (четврток) ⏰ 20:00 часот 📍 Плато пред НУЦК "Ацо Ѓорчев" Неготино Почитувани љубители на џез музиката, ве покануваме заедно да уживаме во звуците на џезот и да ги слушнеме прекрасните џез изведби од повеќе изведувачи кои ќе земат учество на фестивалот "JAZZ 1440" во организација на Центарот за култура "Ацо Ѓорчев" Неготино 🎶 Ве очекуваме 🎶 Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам. youtube.com/watch?v=vURgUOWEzA4 youtube.com/watch?v=9kmJ8QowcjE
Цела објава →

СПОНЗОРИ

Спонзор 1
Спонзор 2
Спонзор 3
Спонзор 4
Спонзор 5
Спонзор 6